Snapchat сака да знае на која локација се сликате

Најновото ажурирање на Snapchat им овозможи на неговите корисници да праќаат до своите пријатели СМС пораки и видеа кои што самите можат да се избришат. Прогласено за “брилијантна идеа” од различни техно-блогови, ажурирањето стана речиси веднаш, екстремно популарно.

Snapchat

Но, новите измени станаа и нов, неочекуван товар. Оние што ќе сакаат да ги обојат нивните фотографии преку неколкуте филтри, одсега ќе мора да ги вклучат „Услугите за Локација“ (Location Services) во нивната апликација. Претходната верзија на Snapchat ги делеше филтрите на две категории – првата се т.н паметни Филтри (Smart Filters), која што им бараше на корисниците информации за локацијата за да може да сподели информации како температура, брзина или време во денот. Втората категорија пак беа  т.н. визуелни Филтри (Visual Filters), која овозможуваше додавање на ефекти со боја, слични на оние од Instagram. Корисниците имаа опција да изберат од двете категории, така што оние кои беа позагрижени за споделување на нивната локација, сеуште имаа можност да ги користат визуелните Ефекти, без вклучување на услугите за Локација.

Новата верзија на Snapchat веќе не нуди таква можност. Сите филтри се ставени под едно име „Паметни Филтри”, во една On-Off опција за вклучување и исклучување, при што услугите за локација мора да бидат вклучени уште пред да почнат да се користат филтрите.

1

Eден од портпаролите на Snapchat изјави за „Daily Dot” дека користењето на услугите за локација е само за забавните филтри при што истакна „Ние не чуваме информации за локацијата од нашите корисници и не ги поврзуваме со нивните кориснички имиња. Локационите услуги се само за корисните филтри, брзина и температура.”

Но оние кои се запознаени со проблематичните настани и пробивот на информации за Нова Година , кога еден анонимен веб-сајт објави околу 4.2 милиони Snapchat кориснички имиња, со нивните телефонски броеви, нивните фотографии и локацијата од каде биле сликани, веројатно остануваат малку несигурни околу новте ажурирања на апликацијата.

Прашањето се уште останува, зошто Snapchat одлучи да ги стави сите филтри на едно место?  Јасно е дека за температура е потребна локацијата, но за едно „селфи” и обоените ефекти, корисниците навистина немаат потреба за оваа услуга.

Извор: Хафингтон пост

Превод: Франка Граждани