„Смрт на фашизмот – слобода на изразувањето“ – протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје

По повод Денот на победата над фашизмот, на 9 мај ќе се одржи протест против обидот во Македонија да се воведе цензура со донесување целосно нов Закон за медиуми. Протестот ќе се одржи под мотото „Смрт на фашизмот – слобода на изразувањето“, пред Делегацијата на Европската Унија во Скопје со почеток од 17 часот.

Протестот го иницира Фронтот за слобода на изразување.