Нов сингл на Санаториум

Македонскиот треш метал бенд Санаториум го заврши снимањето на трите нови песни од новиот материјал: „Молитва“, „Кажи НЕ“ и „Молк“.  Првиот сингл „Молитва“ од овој материјал е веќе објавен на Јутуб и достапен за преземање на веб страната на Санаториум.

peace_unlimited_festival

Од бендот најавуваат дека наскоро на интернет ќе биде објавено гаражното видео на песната „Кажи НЕ“ коешто е во завршна фаза, додека за песната „Молк“ планирано е да се изработи професионален видео спот. Потоа Санаториум планира повторно да влезе во студио и во два наврати да сними уште 6-7 нови песни, по што ќе биде издаден албум и самостоен концерт.

Во продолжение слушнете ја „Молитва“, првиот објавен сингл од новиот материјал на Санаториум: