Слушачка промоција на новиот албум на „Трендкил“

Со почеток од 21 часот, денес (петок) во кафе-барот „Браво“ е закажана слушачка промоција на новиот албум на скопската хардкор група „Трендкил“ насловен „Never a Victim Always a Renegade“.

Групата работела шест месеци на албумот, а истиот бил сниман во студиото „1060“. Ова е нивни втор албум, а во него се содржани осум песни.

На промоцијата, посетителите ќе имаат можност да го купат дигиталното ЦД,  маички и беџови со логото на бендот.