Слушачка промоција на новиот албум на „Hardfaced” во Охрид и Скопје

Охридскиот хардкор бенд „Hardfaced” со слушачка промоција во Охрид и Скопје ќе го промовираат нивниот нов албум „Бессона дремка на брегот на младоста“ (Dreamless Slumber At The Shores Of Youth).

На 28 ноември е закажано преслушување на албумот во Охрид, во како што велат „нашиот омилен Охридски клуб“, „Џез Ин“, со почеток од 20 часот.

Скопската публика оваа можност ќе ја има веќе следниот ден, на 29 ноември во Младинскиот културен центар, во склоп на Музичката конференција „Пин“, исто така со почеток од 20 часот.

„Бессона дремка на брегот на младоста“ е четвртиот албум на овој бенд кои на сцената опстојуваат веќе 15 години.