Случајот со Џорџ Флојд и синоќа поттикна тензични протести низ САД

Тензични протести по смртта на Џорџ Флојд и останати полициски убиства на црнци низ годините се проширија низ САД, додека градоначалниците ширум земјата воведоа полициски час, а неколку гувернери ја повикаа националната гарда откако избија сцени на немири и повредени лица, објави Гардијан.

После петокот, се разжести гневот кон полициската бруталност, избувнаа немири во градови низ целата земја, а властите возвратија со намера за воспоставување ред преку зголемено покажувања сила.

„Ние сме во посилна позиција откаколку што бевме во петокот“, рече генералниот мајор Јон Јансен од националната гарда на Минесота во синоќешниот брифинг. Бројките од четвртокот до саботата навечер велат дека полицијата уапсила скоро 1.400 луѓе во 17 града, според извештајот на АП.

Демонстрациите синоќа започнаа рано, но низ текот на ноќта повторно избувна спорадично насилство, кога беа запалени бизнис-локации и полициските автомобили, а демонстранти беа повредени и уапсени.

44-годишниот поранешен полицаец на Минеаполис Дерек Човин, кој во понеделникот со колено го стискаше вратот на 46-годишниот Флојд е обвинет за убиство и во понеделник треба да се појави на суд. Тој и тројцата други полицајци вмешани во апсењето се отпуштени.

Случајот на Флојд повторно го разгоре гневот на американската јавност поради полициските убиства на црните Американци и во нацијата ја отвори длабоката рана на расната нееднаквост.

Потсети на убиството на Ерик Гарнер, невооружениот црнец во Њујорк во 2014, на кого полицаец со забранет зафат му го притисна грлото и го уби.

Неговите последните зборови станаа порака на движењето Црните животи се важни во екот на полициските убиства на Афроамериканците.

Дополнителни реакции во целата ситуација донесоа коментарите на претседателот Доналд Трамп кој им порача на демонстрантите дека би можеле да бидат „дочекани со најопасните кучиња и најопасното оружје“ ако ја преминат оградата на Белата куќа. Исто така, тој претходно преку Твитер порача дека ќе ја испрати Националната гарда со предупредување дека „кога ќе започне грабежот, пукањето започнува“, по што твитот беше тргнат од социјалната мрежа со аргумент дека поттикнува насилство.