Случајно откриен нов орган од научници кои истражувале за рак на простатата

Малите жлезди се лоцирани во средината на черепот, што значи дека досега тие не биле детектирани. Нивното откривање може да доведе со компликации со досегашната терапија со радијација.

Истражувачите велат дека новопронајдениот пар на жлезди кои лачат плунка најверојано имаат функција да го хидрираат и навлажнуваат горниот дел од грлото. Новите жлезди биле пронајдени при истражување на ракот на простатата.

Истражувањето кое довело до откривање на новиот орган е објавено во списанието за Радиотерапија и онкологија, од страна на тим на научници и Холадскиот институт за рак.

Според досегашните откритија, човечкото грло содржи „претходно незабележани билатерални макроскопски жлезди кои лачат плунка“ кои научниците ги крстиле како „тубаријални жлезди“. Истражувачите досега испитале 100 пациенти за да го потврдат своето откритие и утврдиле дека сите од испитаниците ги имаат жлездите.

За време на истражувањето за ракот на простата се користеле комбинација од ЦТ скенови и ПЕТ скенови, така што докторите инјектирале радиоактивен трасер кој се меша со протеинот ПСМА – високоприсутен протеин во заболените клетки во простатата. Оваа комбинација на скенови е добра и во детектирање на жлезди кои исто така имаат високо присуство на протеинот.

Здравствените работници кои користат радиотерапија за лечење на ракот во главата и вратот се обидуваат да ги избегнат жлездите бидејќи така се појавуваат тешкотии при јадење, голтање и говор кај пациентите. Но, овие новооткриени жлезди досега биле изложени на радиотерапијата бидејќи докторите не знаеле за нивното постоење, што резултирало со пациенти кои имале необјасниви симптоми.

Од тимот на доктори велат дека откривањето на овие жлезди ќе помогне во подобрување на квалитетот на животот кај пациентите.

Докторот Воутер В. Вогел од Холандскиот институт за рак и дел од истражувачкиот тим нагласил дека нареден чекор ќе биде откритието како овие жлезди да се спасат за време на радиотерапијата.

Извор: Independent