Словенија: илустриран водич низ Уставот, духовит и оригинален

Правните работи, како обврските и правата кои произлегуваат од Уставот и законите, за многу луѓе, особено за децата, можат да бидат сувопарни и тешко разбирливи, опкружени со маглата на сложената правна терминологија.

Словенија објави илустриран водич низ Уставот, духовит и оригинален

Во оригинален обид да се надминат овие потешкотии, на веб-страницата на Парламентот на Словенија е објавен илустриран водич низ словенечкиот Устав, наменет за подобро разбирање на начелата на највисокиот правен акт во оваа земја.

Словенија објави илустриран водич низ Уставот, духовит и оригинален

 

Иако водичот, кој е достапен на словенечки и на англиски јазик, е првенствено наменет за децата, тој е интересен и за возрасните, затоа што претставува една навидум здодевна тема на оригинален и духовит начин. Автор на илустрациите е Зоран Смиљаниќ, а тие се објавени како заеднички проект на Националното собрание на Словенија и Уставниот суд на оваа земја.

Словенија објави илустриран водич низ Уставот, духовит и оригинален

Словенија објави илустриран водич низ Уставот, духовит и оригинален