Словенија е прогласена за држава со најодржлив туризам во светот

Обединетите нации ја најавија 2017 година како година на одржливиот туризам, а како најдобра во тоа ја прогласи Словенија.

Како што пишува National Geographic, оваа јадранска еклава сместена помеѓу зелени полиња, снежни врвови и пенливи води, е прогласена за најодржливата држава во светот. Словенија задоволила неверојатни 96 од вкупно 100 индикатори за одржливост, како околина и клима, култура и автентичност, природа и биодиверзитет итн.

Минатата година и главниот град Љубљана беше прогласен за „Најзелениот главен град“ во Европа, признание што го назначува Европската унија.

Речиси 60 отсто од територијата на Словенија е покриена со бујни шуми, а над 40 паркови и резервати се дом на 20 000 различни видови на растенија и животни.