Словенците го отфрлија законот за истополови бракови

Граѓаните на Словенија го отфрлија на референдум законот со кој истополовите парови би можеле да се венчаат и да посвојуваат деца. Според преброените гласови, 63 отсто биле против, додека идејата за геј браковите ја поддржувале 36 отсто од гласачите.

Парламентот и владата не можат да се изјаснуваат за слично законско решение во наредните година дена. Словенците претходно се изјаснија за тоа дека бракот треба да се дефинира како заедница на две личности, наместо само како заедница помеѓу маж и жена, како и за тоа дека на геј паровите треба да им се даде правото да посвојуваат деца.

Но, Парламентот во март го усвои законот со кој им се овозможи на геј луѓето да се венчат, но не и да посвојуваат. Сепак, противниците на овој закон соединети во групата „Во прашање се децата“ покренаа кампања и успеаја да соберат 40 000 потписи, неопходни за да се оди на референдум. Пред неколку дена и папата се огласи со поддршка на оваа група, со апел да се зачуваат семејните вредности.

Ова не е првпат Словенците да излезат на референдум по ова прашање. Тие во 2012 година ги отфрлија геј браковите, бидејќи мал дел од населението излегло на гласање.