Словачкиот Парламент забрани нездрава храна во училиштата

Словачкиот Парламент како дел од мерките за борба против дебелината кај децата, изгласа забрана за продажба на слатки, засладени пијалаци и други нездрави производи во училиштата, пренесе МИА.

Словачкиот Парламент забрани нездрава храна во училиштата

Доколку законските измени бидат потпишани од претседателот Андреј Киска, учениците од јануари идната година не ќе можат како досега во училиштата и училишните автомати да купат брза храна, сладолед или производи со поголемо количество на сол.

Според најновите истражувања, во Словачка секое седмо дете од 11-15 години има прекумерна тежина, а кај возрасното население дебелината уште повеќе е присутна.

Според предлагачката на амандманот за измени, Рената Змајковичова, од владејачката социјалдемократска партија СМЕР, целта е да се стопира досегашниот тренда на дебелеење на школските деца и кај младите.

За прекршување на забраната предвидена е парична казна од 50 до 500 евра.

Словачката Комора за храна, тврди дека слични мерки преземени во Унгарија или Романија не донеле позитивни резултати, бидејќи пораснал прометот на слатките производи кои се продаваат во околината на училиштата, пренесе МИА.