Словачки стипендии за македонски студенти

Објавен е повик за аплицирање за стипендија во рамки на „Националната програма за стипендија на Република Словачка”, во текот на учебната 2018/2019 година, соопшти денеска Словачката амбасада во Македонија.

Крајниот рок за аплицирање е до 30 април годинава до 16 часот.

Апликациите се поднесуваат онлајн на веб страната: www.scholarships.sk.

„Националната програма за стипендии на Република Словачка” ја поддржува мобилноста на меѓународните студенти, докторанти, универзитетски професори, истражувачи и уметници да престојуваат на словачки универзитети и словачки истражувачки организации, информира Амбасадата на Словачка.

Студентите и докторандите можат да аплицираат и за трошоците за патување.

Детални информации за можностите за овој тип стипендија се достапни на веб страната: www.scholarships.sk.