Словачки бизнисмен осомничен дека го нарачал убиството на новинарот Кучиак

Словачките институции обвинија контроверзен бизснисмен за нарачка на двојно убиство на Јан Кучиак и неговата свршеница, објави Гардијан.

На прес-конференција, спацијалните обвинители рекоа дека човек по име Мариан  К. е обвинет за убиството на новинарот и жената, кој беа застрелани во нивниот дом ланскиот февруари.

Убиството ја шокираше земјата и започнаа серија улични протестни низ Словачка, повикувајќи да сопре корупцијата и неказнувањето, што резултираше со оставка од премиерот Роберт Фико.

Обвинителите не го кажаа целото име на осомничениот, во согласност со словачкиот закон, но медиумите објавуваат дека се работи за Мариан Кочнер, бизнисмен кој и претходно му се заканувал на Кучиак, јавува Гардијан.

Кочнер е 55-годишен мултимилионер, сопственик на повеќе компании, а e во притвор од јуни 2018 поради сомневање за измама.

Четири лица беа осомничени за убиството, но главниот лик, мастермајндот зад операцијата досега не беше објавен.

„Причината за убиството е новинарската работа на жртвата“, рече еден од специјалните обвинители. Тој потенцирал дека би можело да има дополнителни апсења за случајот, додавајќи дека иако не било најдено оружјето, сепак постојат докази за видот на употребеното оружје.