Слободен влез за средношколци во среда во театар Комедија

Театар Комедија соопшти дека во среда ќе има слободен влез за средношколци. Со ова , како што стои во нивното соопштение, тие ја спроведуваат одлуката на Владата за бесплатен влез на театар за учениците.

Во среда на репертоарот на театарот е претставата „Господарот на кукавицата“ од Венко Андоновски, во режија на Андреј Цветановски.

Од театарот додаваат дека и годинава ја продолжуваат акцијата за слободен влез во четврток за студенти, при што информираат дека овој четврток се дава претставата „Нешто пропуштаме“  од Горјан Милошевски, во режија на Бојан Трифуновски.

Постдипломците пак ќе добијат слободен влез во театарот овој петок, за претставата „Лисистрата“ од Аристофан, во режија на Наташа Поплавска.