Слободен влез во објектите на Национална галерија по повод Меѓународниот ден на музеите

Трите објекти на Националната галерија на Македонија денес ќе работат со продолжено работно време и влезот ќе биде слободен, во чест на 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите.

Оваа година, темата предложена од Меѓународниот совет на музеите е Музеите и културните предели. Сите активности кои се изведуваат по повод 18 Мај, воедно се и дел од надлежностите и визијата на музеите коичуваат предмети кои го претставуваат материјалното и нематеријалното наследство на одредена територија независно од нејзината големина.

Во продолжение е распоредот на настаните:

Даут-пашин амам

13 часот, изложба на работилницата за деца под наслов „Уметникот и јас“ која традиционално се случува по трет пат. Работилницата и изложбата се проект на едукаторот Ацо Таневски.

19 часот, Годишен концерт на ДАМБУЦ „Илија Николовски Луј“.

Во текот на целиот ден посетителите ќе можат да ја погледаат постојаната поставка од колекцијата на Национална галерија на Македонија од XIV-XX век.

Чифте амам

Отворен за посета на изложбата под наслов „Reccuring landscapes” на хрватските уметници Дамир Жижиќ и Кристијан Кожул, куратори Вања Жанко од Загреб и Ана Франговска од Скопје.

Мала станица

20 часот, БИСТА биенале на студенти по архитектура.