Слободен индекс: Имај ФЕИТ – победи го чудовиштето!

Имај ФЕИТ! Победи го чудовиштето!Во петок, на 20 декември во просторија 111 на Факултетот за електротехника и информациски технологии, студентското движење „Слободен индекс“ ќе ги презентира  резултатите од нивиното истражување за бесплатното образование.

По презентацијатата се најавува проекција на активистички видео клипови и дискусија за проблемите на студентите.

Главна тема на дискусијата ќе биде плаќањето на бројните давачки во текот на студирањето,  како и потребата од активизам кај студентоте како прогресивна општествена група.

Живееме во распаднати студентски домови, плаќаме за градски превоз, храната во бифеата е прескапа, плаќаме таксена марка 50 денари провизија од 50 денари, ни викаат дека рата за партиципација е 6000, ама уплаќаме најмалку 9000, нè казнуваат затоа што сме сиромашни и не сме платиле навреме , нè тераат да платиме за ИКСА 750 денари, а не сме виделе ниту културни, ниту спортски активности“, се само дел од проблемите на кои укажуваат од „Слободен индекс“.