Сликата на Реноар од 7 долари ќе биде вратена во Балтиморскиот музеј

Судот во државата Вирџинија и нареди на Американката Марта Фукуа, до неодамна позната како „Девојката Реноар“, да ја врати во Балтиморскиот музеј сликата на Огист Реноар, која тврдеше дека ја купила за 7 долари од пазар. Судот пресуди дека таа нема право да ја поседува сликата „ Пејсаж од брегот на Сена“,  бидејќи таа била украдена од музејот во 1951 година.

Сликата на Реноар од 7 долари ќе биде вратена во Балтиморскиот музеј

Судската тужба е заведена од музејот во 2012 година, кога се дозна дека Фукуи сакала да ја продаде сликата преку аукциската куќа Рotomack од каде побарала проверка на автентичноста на делото и негова проценка.

Фукуи ја купува оваа слика, како што тврди, заедно со уште неколку работи за само 7 долари од пазар, без да знае дека тоа е вистинско дело на големиот францускиот импресионист. Сликата не е потпишана, освен што на рамката имала натпис: „Реноар. 1841-1919“.

Фукуи сепак долго мислела дека тоа е само копија на делото, за од аукциската куќа да разбере дека сликата вреди меѓу 75 и 100 илјади долари, но и многу повеќе ако биде ставена на аукција. Откако била пријавена сликата, ФБИ ја презема од аукциската куќа и бара федералниот суд да одлучи што понатаму. Оттогаш, многумина кои ја познавале Фукуа изразиле сомнеж во нејзината приказна за купување на сликата од  пазар. На крај и судот одлучи дека никој не може легално да поседува дело кое претходно било украдено, пишува Washingtonpost.

Реноар го насликал пејзажот во 1879 година, додека во Балтиморскиот музеј сликата завршува во 1937 година , кога таму ја остава сопственичката Сејди Меј.