Во четврток, на 22 мај, со почеток во 17 часот, во Националниот Музеј Секели, во градот Сфанту Георге во Романија ќе се одржи сликарски перформанс на македонскиот сликар Сергеј Андреевски.
Целта на настапот е публиката да се доближи не само до светот на уметникот, туку и до неговата татковина, Македонија, а настанот е дел од низа активности со кои Националниот Музеј Секели годинава одбележува 150 години од формирањето.
„Исклучително голема е честа што сум поканет со свој авторски печат да дадам придонес кон одбележувањето на еден значаен јубилеј во Европа!“, изјави Андреевски пред патувањето во Романија.
Перформансот на Сергеј ќе биде музички придружуван од Миклош Деметер, познат етнограф и изработувач на музички инструменти.