Сликарка родена без раце се подготвува за Академијата во Виена

19-годишната Дејана Бачко, која е матурантка во уметничкото училиште во Нови Сад, а доаѓа од градот Бачка Паланка, активно се подготвува да се запише на уметничката академија во Виена. Дејана е родена без раце, но тоа не ја спречува целосно да и се посвети на уметноста.

Сликарка родена без раце се подготвува за Академијата во Виена

Талентираната матурантка, покрај секојдневните часови на училиште, игра фудбал и плива, а љубовта кон уметноста ја изразува преку своите слики, кои ги изработува со помош на нозете. Од својата деветта година, Дејана е членка на меѓународното здружение на уметници кои сликаат со уста и со нозе.

„Здружението секоја година проверува колку сум напреднала. Имаме стипендии и праќаме свои дела, а тие го одбираат мотивот. Не сакам баш да цртам, најчесто сликам. Најдобро ми оди со мртвата природа, моја љубов се боите и четките“, објаснува Дејана.

Сликарка родена без раце се подготвува за Академијата во Виена

Оваа несекојдневна девојка вели дека не постои пречка која може да ја спречи во она што го наумила.

„Морам се да пробам, едноставно сум таква. Сите се праќуваат како пливам, не им е јасно. Ете, со нозете, со телото, се се може кога се сака“, вели Дејана.

Нејзиниот класен раководител Драган Војводиќ вели дека е уверен оти Дејана има потенцијал да се запише на Академијата во Виена.

„Таа има сила на духот што јас не ја гледам кај другите деца. Дејана секогаш ќе може да го сврти вниманието врз себе со нејзината уметност. Нејзиниот позитивен однос кон животот е лекција за сите нас“, вели Војводиќ.

Извор