Слем поезија и дискусија со Елена Пренџова со фокус на женските права

Во рамките на Еквалис-фест, овој петок (10 јули) од 17 часот ќе се одржи настан со слем поезија и дискусија со поетесата Елена Пренџова.

„Што е тоа слем? Слемот е уметност. Изведбена. Слемот е и активизам. Каков активизам? Уметнички. Ненасилен и неагресивен. Слемот е поезија, ама и не е. Слемот е кој било авторски текст наменет за изведба на сцена, но не театарска сцена. Слемот не е театар. Слемот (не) е поезија“, стои во најавата на организаторот „Еквалис“.

Од „Еквалис“ потенцираат дека ќе настапува Елена Пренџова со поезија којашто ќе стави фокус на жената и женските права.

„По настапот и слем поезијата ќе следи кратка дисуксија со Елена за феминизмот низ призмата на феминизмот и јазикот, женското тело, еко-феминизимот и жените во уметноста“, велат од Асоцијацијата.

Пренџова смета дека жената во книжевниот свет била, е и ќе биде објектот на инспирацијата на поетот маж. Според неа, жената во книжевноста е во белините на маргините, во тесните прореди на меѓуредијата, во обезгласените премолчени зборови, во биографиите на мажите автори и во акростишијата на поезијата на поетите мажи.

„Ако истакнеме дека во денешно време има многу малку жени авторки застапено во антологиите и институционализираната литература во споредба со реалната бројка на постоечки, присутни на современата сцена, во споредба со минатото кога малиот процент на застапеност на жените авторки кореспондирал со малиот процент на реалната присутност на писателките жени на литератураната сцена“, стои во најавата за настанот.

Сите заинтересирано за учество можат да се регистрираат на следниов ЛИНК.