Следниот викенд – традиционално искачување на Титов врв

Следниот викенд (28-29 мај) ќе се одржи јубилејното, 35-то традиционално искачување на Титов врв (2848 м) на Шар Планина, што го организира Планинарскиот клуб „Љуботен“.

Програма:

28. мај. 2016 година (сабота):

19:00- свечено отворање, хотел „Тетекс Арена”
19:30- состанок со водичите на групите

29.мај.2016 година (недела):

06:30- тргнување на колоната од платото пред хотел „Попова Шапка” кон Титов врв по „Вакуфска патека”
12:00- враќање од врвот кон Попова Шапка
16:00 пристигнување на Попова Шапка

-Цена за сместување: 500 денари

-пријавувањето е отворено до 24 мај (вторник)

-Сите планинари треба да имаат опрема за искачување во зимски услови, како и добра психофизичка кондиција. За дополнителни информации, заинтересираните можат да се јават на телефоните: 071 309 413 и 078 277 321 или преку електронска пошта на: kontakt@pkljuboten.org.mk.