Следната недела се одржува Трка за мир

Од 23 до 27 септември, жителите на Македонија ќе бидат сведоци и учесници на настан кој се одржува на глобално ниво во континуитет речиси 30 години. Се работи за најголемата штафетна Tрка за Mир („Sri Chinmoy Oneness-Home Peace Run“) која не е од натпреварувачки карактер.

Се состои од интернационален тим маратонци – волонтери кои трчајќи со запален факел, кој се подава од рака на рака, имаат за цел да промовираат меѓународен мир, единство, пријателство и разбирање.

На Европскиот континент, Трката за Мир се одржува секои две години, посетува 49 земји и претрчува 24.000 километри. Традиционално, во координација со градот домаќин, Трката за Мир посетува училишта, спортски клубови, општини, и во центарот на градот или некое друго место се организира пречек со мала културна свеченост и почесно примање на факелот од градоначалникот со негов пригоден збор.

Шри Чинмој ја основа „Трката за мир“ во 1987 во духот на љубовта, хармонијата и единството. Оттогаш со оваа иницијатива се посетени повеќе од 150 држави и се истрчани повеќе од 500 илјади километри. Едноставната порака на трката „Твој е првиот чекор!“ инспирираше милиони луѓе низ светот.

За време на трката тркачите поминуваат околу 100 километри на ден. Едно до две возила го следат тимот на тркачи кој со себе го носи факелот од град до град, со очекување дека секој тркач ќе покрие од 10 до 30 километри дневно.

Подржана од многу светски личности, меѓу кои беше и Мајка Тереза, претседателот Нелсон Мандела, нашите претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров. Карл Луис, поранешениот американски супер атлетичар познат под псевдонимот „Син на ветерот“ изјави: „Со носење на факелот, милиони граѓани прават чекор кон светска хармонија, и ги спуштаат социјалнте бариери кои оделуваат една нација од друга.“

Еве ја првичната агенда за Трката на мирот:

ПРВ ДЕН – 23.09.2016 (Петок) – 139км

Делчево – M.Каменица – Кпчано – Штип – Неготино

ВТОР ДЕН – 24.09.2016 (Сабота) – 94км

Негптино – Кавадарци – Прилеп – Кривогаштани – Крушево

ТРЕТ ДЕН – 25.09.2016 (Недела)

Крушево

Посета на Крали Марко Треил трката во Прилеп

Посета на историски споменици со мали манифестации

ЧЕТВРТИ ДЕН – 26.09.2016 (Понеделник) – 136км

Крушево – Демир Хисар – Битола

Ресен – Отешево (граница со Албанија)

ПЕТТИ ДЕН – 27.09.2016 – 55км

Албанија – Манифестација во Пустец (граница до Пустец 20км)

Преноќување во Касторија (Грција) – вкупно 97км