Слаб интерес на граѓаните за решавање на локалните проблеми

На хартија се многу моќни, но во реалноста македонските граѓани тешко успеваат да дојдат до оние кои одлучуваат. Граѓаните се помалку учествуваат во подобрување на локалната демократија е заклучокот од јавната дискусија на која се разговараше за тоа каков е интересот на граѓаните при решавањето на локалните проблеми.

Слаб интерес на граѓаните за решавање на локалните проблеми

На дискусијата се потенцираше дека граѓаните имаат страв и се плашат да го искажат јавно своето мислење. Како што вели Мила Царовска од Македонската платформа против сиромаштија(МППС), постои голема бариера меѓу граѓаните и власта односно граѓаните декларативно успеваат да учествуваат во локалната демократија.

Izjava Mila Carovska by Radio Mof on Mixcloud

Со овој став се согласува и Петар Атанасов, професор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Тој вели дека централната власт ги зема сите работи во свои раце, па затоа македонските граѓани заборавија да се бунтуваат. Сепак, истакнува Атанасовски, граѓаните не смеат да молчат и треба да се изборат нивниот глас  да стигне до институциите.

Izjava Petar Atanasov by Radio Mof on Mixcloud

Јавната дискусија насловена „Учеството на граѓаните во локалната демократија“, беше организирана од МППС, Институтот за социјална демократија „Прогрес“, фондацијата Фридрих Еберт со канцеларија во Скопје како и фондацијата Олоф Палме. На дискусијата, присутните можеа да слушнат за борбата на активистите на граѓанската иницијатива Аман која послужи како добар пример за моќта на здружените граѓани.

Емилија Петреска