Скулптура која произведува питка вода – комбинација на еколошко решение и јавна уметност

Скулптурата „The Pipe“ е финалист на натпреварот „Land Art Initiative“ за 2016 година. Натпреварот  има за цел да го комбинира производството на чиста и обновлива енергија со јавната уметност.

Скулптурата е замислена како пловечка инсталација која ќе се наоѓа близу до брегот на Санта Моника, Калифорнија, а е всушност електромагнетски уред за десалинација, односно прочистување на водата од морската сол. Освен што одлично се вклопува во пејзажот, скулптурата ќе поизведува питка вода од морето.

Поради тоа, ги исполнува целите на натпреварот LAGI, кој годинава од учесниците бараше да смислат „естетски задоволителен концепт за производство на струја и вода“, кој може да биде реализиран и поставен во Санта Моника.

„The Pipe“ е дизајнирана од канадската инженерска фирма Абдулазиз Калили и Соработниците, која специјализира во фабрики за производство на храна, пијалаци и амбалажи.

Сребрената скулптура, велат од фирмата, ќе генерира 10000 мегават-часови на струја секоја година, а ќе испумпува и до 5,6 милијарди литри вода за градската водоводна мрежа во истото време.

„Резултатот се два производи: чиста питка вода која е насочена кон основната градска водоводна мрежа, и чиста техничка вода со соленост од 12 проценти“, се објаснува накратко во дизајнот на скулптурата.

Меѓу другите учесници на натпреварот има и балон на топол воздух кој генерира соларна енергија, топка со висина од 40 метри која плови во Тихиот Океан и скулптура на огромен лебед кои ја претовораат силата на брановите во струја. Победникот ќе биде објавен на 6 октомври.