Скулпторот на „Бикот од Вол Стрит“ бара да се отстрани „Бестрашната девојка“

Скулпторот на статуата на бикот, кој е заштитен знак на најпознатата бизнис улица во светот „Вол Стрит“, бара од властите на Њујорк да се отстрани скулптурата на „Бестрашната девојка“, објаснувајќи дека тоа што таа е поставена до бикот го променило значењето на неговата скулптура и ги нарушило законските права.

Бикот стои повеќе од 30 години на Вол Стрит и италијаско-американскиот уметник, кој ја креирал скулптурата изјавил дека „Бестрашната девојка“ ги нарушува неговите авторски права и ја искривува неговата уметничка порака, па затоа треба да биде преместена на друга локација.

Од поставувањето на скулптурата на бикот како герила уметност во 1989 година ФОТО: Ројтерс

„Навистина е лошо. Таа го напаѓа бикот“, изјавил за новинарите 76-годишниот Артуро Ди Модика, пренесува Ал Џазира.

Првично поставена за време на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената на 8ми март, статуата на девојката требаше да биде отстранета на 2-ри април. Градот, сепак одлучи да се продолжи инсталацијата поради огромниот интерес на социјалните мрежи, медиумите и две петиции од граѓаните.

Интересно е што 3,2 тонскиот бик самиот е поставен како герила уметничко дело, неофицијално инсталиран пред њујоршката берза од Ди Модика во 1989 година, за да го прикаже борбениот дух на Соединетите Држави и Њујорк. Откако полицијата ја запленила скулптурата, јавноста негодувала и градскиот сектор за паркови го реинсталирала неколку дена подоцна на локацијата каде што се наоѓа до денес.