Скромни желби за Божиќ на деца бездомници упатени до Дедо Мраз

Бездомништвото на децата во Америка достигна високо ниво, според извештајот од минатиот месец на Националниот центар за фамилии без сопствен дом. Голем број на американски деца биле без стабилно засолниште во текот на 2013 година. Така што, не секое дете во Америка што ќе се разбуди ќе биде дочекано со подарок под елката, всушност голем број од нив е прашање дали ќе се разбудат со покрив над глава.

Коалицијата за бездомни лица во Њујорк, прими писма од децата кои живеат во локалните фамилијарни центри. Според желбите кои ги имаат децата, тие сакаат да ги поминат празниците на ист начин како и нивните врсници.

Ова се неколку од пораките кои децата бездомници ги упатија кон Дедо Мраз.

„Драг, Дедо Мраз, се викам Сејл. Јас сакам да пишувам. Имам 8 години. За Божиќ сакам голема кутија со коли и кутија за правење фигури McQueen лего коцки. Ти благодарам, Дедо Мраз“.

„Драг, Дедо Мраз, се викам Дениел. Имам 6 години. Јас сум во прво одделение и сакам да пишувам приказни на сексијата за пишување. Моите омиле бои се розова и виолетова. И би сакала Барби со куќа и кола. Ти благодарам Дедо Мраз“.

„Драг Дедо Мраз, се викам Дизни. Имам 7 години. Јас сум второ одделение. Моите омилени бои се розова и црна. За Боќиќ, сакам куќа за кукли. Сакам прибор за готвење и кукла. Исто така, сакам фустани за моите кукли. Ти благодарам многу Дедо Мраз“.

„Драг Дедо Мраз, моето име е Дејвид. Мојот омилен спорт е кошарка. Ми се допаѓа сината боја. За Божиќ сакам играчка кола. Ти благодарам Дедо Мраз“.

„Драг Дедо Мраз, се викам Амани. Имам 11 години. Мојот омилен предмет на училиште ми е физичко. Мојата омилена боја е сината. За Божиќ би сакала лего X-Men. Legos се играчки за правење форми“.