Скоро 100% точно – Аеродромите во Хелсинки користат кучиња нушкала за детектирање на Ковид

Четири кучиња нушкала започнаа на своите работни места во аеродромот во Хелсинки, во програмите поддржани од државниот фонд со цел научниците од Финска да пронајдат лесен и исплатлив алтернативен начин на тестирање кој истовремено ќе биде и ефективен.

Според Ана Хиелм Бјоркмен од Универзитетот во Хелсинки, кучињата се способни да го детектираат присуството на коронавирусот за само десет минути, а за завршување на целиот процес потребна е само една минута.

„Овој процес ветува, а доколку навистина функционира, може да го подобри скринингот и на други места, како болниците, домовите за стари лица, спортските и културни настани“, истакнала таа.

Откако ќе го преземат багажот, патниците на интернационалниот потребно е да се освежат со влажно марамче. Во друга просторија, теглата од марамчето е ставена до други тегли, а кучињата започнуваат на душкаат.

Доколку кучето го детектира вирусот – што е искажано со мрдање на шепите, лежење и завивање, патникот се советува да искористи бесплатен ПЦР тест за да се увери во одлуката на кучињата.

За време на тестирањето на универзитетите, кучињата кои претходно работеле на детектирање на болести како рак и дијабетес, успешно го детектирале вирусот со точност од скоро 100 проценти, дури и во случаи кога пациентот развил симптоми пред само пред еден ден.

Кучињата успеале да го идентификуваат вирусот од многу помал молекуларен примерок од ПЦР тест, изјавиле од аеродромот, а потребни биле 10 до 100 молекули за да се детектира присуството на вирусот за разлика од потребните 18,000,000 во лабораториска средина.

Научниците сѐ уште не се сигурни што точно „нушкаат“ кучињата кога го детектираат вирусот. Француска студија објавена во јуни годинава, заклучила дека постои разлика во потта помеѓу лицата позитивни на ковид-19 и луѓето кои се негативни. Кучињата можат да ја увидат токму таа разлика.

Иако е познато дека Ковид-19 се пренесува преку ласици и мачки, кучињата не ги поседуваат потребните рецептори за задржување на вирусот и тешко се заразуваат. Не постои доказ дека кучињата можат да го пренесат вирусот на луѓе или на други животни.

Властите во Ванта, градот во кој се наоѓа интернационалниот аеродром во Финска, нагласиле дека пилот програмата која засега трае 4 месеци, чинела 300.000 евра, што е многу поевтин метод за разлика од тестирањата во лабораториите.

Финската организација која се специјализира во тренирање на животни во детектирање преку мирис, „Мудро носе“, моментално тренира 16 кучиња за проектот, а 10 од нив се очекува да се вработат на аеродромот. Кучињата ќе работат во парови, а четири од нив, И.Т, Коси, Мина и Вало, ќе започнат во понеделник.

Научниците во земјите како Австралија, Франција, Германија и Велика Британија работат на слични проeкти, но Финска ќе биде првата земја во Европа која ќе воведе кучиња за детектирање на вирусот. Слична тест програма започна во Интернационалниот аеродром во Дубаи.

Извор: Guardian