Скопско астрономско друштво за првпат организира курс по астрономија за деца

Скопското астрономско друштво во повеќе наврати организира курсеви за возрасни, каде долна граница за посетителите беше 12 години. Но, поради големиот интерес од родителите на помали деца, од друштвото информираат дека за првпат од нивното постоење, ќе се обидат да им ја приближат астрономијата на децата до 12 години.

„Идејата е да имаме неколку предавања, но и активности каде учесниците би можеле да видат разни небесни објекти низ телескопите кои ги има Друштвото. Курсот ќе почне на 6-ти јуни, а ќе заврши на 22-ри јуни. Во план е да се набљудуваат Сонцето, Месечината и планетата Јупитер, како и неколку поинтересни ѕвездени системи. Во зависност од временските услови, ќе се одвиваат и набљудувачки активности“, информираат од Скопското астрономско друштво.

Цената на курсот е 850 денари. Во неае вклучена посета на Планетариумот, книга „Астрономија“ наменета за детска возраст, комплет материјали кои ќе се користат на работилниците.

Програмата на курсот по астрономија за деца е следна:

6-ти јуни: 19:00 ч. Планетариум и набљудување низ телескоп (доколку дозволат временските услови);

8-ми јуни: 19:00 ч. Електро факултет, училница 110: „Вселената и нашето место во неа“;

13-ти јуни: 19:00 ч. Електро факултет, училница 110: „Планетите во Сончевиот Систем“;

15-ти јуни: 19:00 ч Електро факултет, училница 110: „Колкави се нештата во Вселената?“ и правење на модел на Сончев Систем надвор од зградата на факултетот;

20-ти јуни: 19:00 ч. Електро факултет, училница 110: Работилница за изработка на очила за безбедно набљудување на Сонцето и изработка на очила за 3Д астрономски фотографии;

22-ри јуни: 19:00 ч. Електро факултет, училница 110:  Доделување на дипломи, презентација на ракетно моделарство + изненадување.

Од Друштвото нагласуваат дека бројот на посетители е ограничен.

За курсот можете да се пријави на овој линк. За дополнителни информации, може да се обратете на: kontakt@astronomija.mk или на телефон: 076-439-027 (Радан).