Скопски урбани приказни – Будење на солидарноста

Скопски урбани приказни - Будење на солидарностаВо рамките на „Скопско лето“,  вечерва на пет локации низ центарот на Скопје, Друштвото на ликовни уметници на Македонија ќе го претстави проектот „Скопски урбани приказни“. Проектот оваа година ќе се организира по шести пат, а негови учесници се ликовните автори: Кристина Божурска, Ангел Миов, Ален Реџепагиќ, Мирослав Стојановиќ Шуки и Маја Кировска.

Авторите оваа година ќе го прикажат своето гледиште на тема „Wake-Up Solidarity“ (Будење на солидарноста) по повод одбележувањето на 50 години од катастрофалниот земјотрес  на Скопје. Проектот е комбинација од различни техники – платна, фотографија, објекти, инсталации.

Скопски урбани приказни - Будење на солидарноста

Како дел од „Скопско лето“, вечерва во Музеј на Град Скопје, со почеток во 22 часот концерт ќе одржи пијанистката Дуња Иванова. На концертот ќе бидат изведени дела од Лудовико Еинауди и Филип Глас.