Скопски маратон на 8 мај, пријавувањето е во тек

Најмасовната спортска манифестација во Македонија, Wizz Air Скопскиот маратон ќе се одржи на 8-ми мај. Според најавите на организаторите, овогодинешното издание на маратонот ќе биде најмасовното досега.

Wizz Air Скопски маратон го отвори своето пријавување минатиот месец, а на 31-ви јануари истекува рокот за пријавување по поволни цени. Потоа пријавувањето продолжува до 29-ти април, или додека не се пополнат предвидените места. Организаторот на маратонот, Сојуз на спортови на Скопје, објави дека досега имаат преку 700-на пријави од 20 земји.

Пријавените учесници во маратон, полумаратон и штафетниот маратон од 2015-та ќе добијат бесплатно учество на трките во 2016-та година, бидејќи ланскиот маратон беше откажан поради случувањата во Куманово.

Стандардните трки – маратон (42.195км), полумаратон (21.097км) и трката на 5 километри остануваат и оваа година главно обележје на маратонот, а организаторите најавуваат и штафетен маратон, со што остануваат 4 трки на програмата како и што беше планирано и за минатиот маратон.

Дванаесеттото издание на Скопскиот маратон е под покровителство на Градот Скопје, Мисијата на Европска Унија и Агенцијата за млади и спорт.