„Скопски летен ритам“ од вечерва на плоштадите

Над сто уметници и изведувачи од културните институции ќе бидат дел од четириесет културно-уметнички настани во рамките на проектот „Скопски летен ритам“. Покрај на плоштадот „Мајка Тереза“, каде вечерва во 20:30 часот почнува проектот, програма ќе има и на плоштадите „Филип Втори“, „Богородица“ и „ВМРО“.

Настаните се во организација на Град Скопје и  Јавната установа „Конгресен центар Александар Македонски“, а ќе се изведуваат  секој петок, сабота и недела до крајот на септември.

Културните содржини ќе се одвиваат на отворено и дека нема да се наплаќаат влезници.

Како што беше соопштено од организаторите, на плоштадот „Мајка Тереза“  ќе има сериозна музика, на „Богородица“ етно и фолк содржини, на „ВМРО“ програма за деца и млади, а на „Филип Втори“ и на „Македонија“ активности од сите жанрови“.

Целта на проектот, според нив, е културно и забавно анимирање на граѓаните и туристите, збогатување на амбиентот на Скопје и генерирање нова и стара публика преку урбаната култура.