„Скопски градски фестивал“ на платото пред МОБ

Првиото издание на „Скопски градски фестивал“ ќе се одржи во петок (11 септември) со почеток во 19 часот, на Плоштадот Мајка Тереза (плато пред МОБ).

Посетителите на првото издание ќе можат да ја погледаат музичката комедија „Телефонот„ во режија на австриската режисерка и кореограф Uschi Horner а ќе учествуваат двајца оперски пеачи и двајца музичари.

Еден од најпознатите етно музички состави кај нас, Баклава токму на првото издание ќе го прослават јубилејот – 15 години музичка кариера, а пејачката Биба Додева ќе има концертна промоција на својот најнов музички проект, албумот „Незаборавни”.

Во рамки на Фестивалот е најавен настап на македонскиот пијанист Бобан Мирковски, како солист кој ќе ги изведе композициите „Рапсодија во сино„ (George Gershwin) и „Атараксија „ (Љупчо Мирковски) а ќе настапи под диригентска палка на Љупчо Мирковски во придружба на Биг Бенд.

Како што посочуваат организаторите на фестивалот, Баги Комуникации, програмата е концепирана по урнек на градските музички фестивали во Европа и светот. Иако Фестивалот ќе се одржува на отворено, заради следење и почитување на протоколите за одржување на настани на отворено, пуштени се ограничен број на вленици по цена од 200 денари кои може да се купат онлајн и на продажните места на www.kupikartizase.com.

Заради зачувување на здравјето на учесниците и посетителите, организаторот апелира на почитување на мерките за заштита. Фестивалот е поддржан од Град Скопје.