Скопската зоолошка ќе се вклучува со едукативни видеа во живо откако затвори поради коронавирусот

Поради препораките од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство, Зоолошка градина Скопје нема да биде отворена за посетители во наредниот период, се додека траат мерките за заштита од новиот коронавирус.

Затоа, од денеска тие во живо ќе се вклучуваат со едукативни видеа на нивната Фејсбук страница.

Во меѓувреме, од Зоо-Скопје информираат дека постојано ќе се дезинфицираат живеалиштата на животните во градината.