Скопје ЗОО добива Авантура парк за деца

Адреналинскиот авантуристички парк е донација од Агенцијата за млади и спорт, со цел рекреација, спортување и забава за деца од 5 до 12 години.

Од Зоолошката градина известуваат дека паркот ќе биде налик познатите европски авантуристички паркови за најмладите и ќе се простира на површина од 2000 м2, со безбедни реквизити за користење.

Наскоро започнуваат подготовките во Ботаничката градина на Скопје ЗОО, а користењето на Авантура паркот ќе биде бесплатно за сите деца.