Скопје за Боуви: Деветто издание на „Види музика, слушни слика, добиј книга“

Деветтото издание на мултимедијалниот настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“ годинава ќе се одвива во чест на британската музичка легенда, Дејвид Боуви. Настанот ќе се одржи во четврток, 23 јуни во Градски парк – Скопје.

Оркестарот на Македонската филхармонија под диригентство на Емин Џијан, придружен од Женскиот хор при МКЦ, ќе изведе некои од нјголемите хитови на Боуви. Своите сликарски вештини на платно ќе ги претстават уметниците Агрон Абдули и Ивана Младеновска.

За вистинските фанови на Боуви бесплатно ќе бидат поделени 20.000 бесплатни примероци од книгата „Психоделија во предградието“, објавена на почетокот на 2016 година од неговата некогашна љубовница Мери Финиган, која во прво лице зборува за самите почетоци на кариерата на Боуви.

Организатори се Македонската филхармонија и Младински културен центар.