Скопје танцовиот театар од денес ќе емитува бесплатни онлајн претстави

Скопје танцовиот театар од 23 март (денес, понеделник) секој ден со почеток во 18:30 часот, ќе започне со бесплатно емитување на претстави во сопствена продукција.

Претставите ќе бидат од архивата со која располага театарот, а целта е да допре до публиката и сите љубители на танцот.

Емитувањата ќе бидат преку Јутјуб каналот на Skopje Dance Theater.

Првата онлајн премиера денес ќе ја има танцовата претстава „SMS (soul, mind and something else…)“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, по музика на Дуке Бојаџиев.

За утре (24 март) пак во 18:30 часот ќе се емитува „w r o n g“, а потоа во 18:45 и танцовата претстава „SKETCH“.