Скопје Синема Сити – Загревање, на 3-ти и 4-ти февруари во Кинотека на Македонија

На 3-ти и 4-ти февруари, во Кинотека на Македонија ќе започне Скопје Синема Сити – Загревање, настан на кој, веќе традиционално, ќе се репризира избор од фимовите од претходното издание на Фестивалот за музички документарни филмови, што се одржа во октомври.

Со почеток во 20 часот во Кинотека на Македонија, на 3 февруари, посетителите ќе имаат можност да ги проследат филмовите: „Роберт Плант: Јас самиот“ и „Леонард Коен: Јас сум тој“, додека на 4 февруари, повторно со почеток од 20 часот, ќе бидат прикажани филмовите „Пинк Флојд: А кој од вас е Пинк?“ и „Фактори Рекордс: Од Џој Дивижн до Хепи Мандејс“, но ќе се случи и премиерно прикажување на краткиот филм за Љубојна, „Радио Љубојна“.

Првото издание на Фестивалот се случи во 2015 година со трибјут за Дејвид Боуви, а во рамките на второто издание во 2016 година се направи трибјут за Леонард Коен. Фестивалот оствари соработка со британската телевизиска продукција Би-би-си и беа прикажани повеќе нивни филмови.