Скопје Синема Сити – музички документарни филмови во Кинотека

Фестивалот на музички документарни филмови Скопје Синема Сити , на 23 и 24 јануари во Кинотеката на Република Македонија, ќе прикаже ретроспектива на филмовите од неговото прво издание.

На 23 jaнуари ќе бидат прикажани филмовите: „Уметници за жици“ во режија на Александар Јанковиќ/Александар Даутовски, „Дејвид Боуви – Стариот Актер“ во режија на Алан Јентоб, „Берлин – Патешествие инспирирано од Дејвид Боуви“ на Вили Асгеирсон како и „Музиката на Пруденс“ на Роџер Рос Вилијамс.

Во недела, на 24 јануари премиерно ќе биде прикажан филмот „Застани на пат“ на режисерото Немања Ѓериќ. Влезот е бесплатен, а проекциите почнуваат во 20 часот.

Инаку првото издание на Фестивалот на музички документарни филмови Скопје Синема Сити се одржа од 1 до 5 јули во Сули ан и на Факултетот за ликовни уметности.