[Скопје Лаб] Отворен повик за учесници во работилниците „Редизајн на јавни површини Скопје 2.0“

Скопје Лаб – Центар за иновации на Град Скопје, го отвара повикот за учесници на вториот циклус работилници насловен „Редизајн на јавни површини Скопје 2.0“, овојпат со неколку нови локации на кои им е потребна креативност. Целта на оваа четиридневна работилница е да помогне во озеленување на јавниот простор и негово дизајнирање согласно потребите на граѓаните.

Идентификуваните локации на кои ќе работат пријавените учесници се краевите на слепите улички кои гледаат на Бул. Илинден и тоа: Ул. Благоја Страчков, Ул. Кукушка, Ул. Крсто Баиќ и Ул. 8ми Март, ул. Коле Неделковски, Ул. Пајак, Ул. Коста Веселинов. Свој редизајн ќе има и ул. Наум Наумовски Борче кај “Bike Market” кој ќе се прошири во тротоар и дел од паркингот од спротива кој ќе треба да се озелени.
Локациите може да ги погледнете тука.

Работилниците ќе се одржат за време на викендите 15 – 16ти февруари и 22 – 23ти февруари, а учество ќе можат да земат 18 учесници, кои поделени во 3 групи ќе работат на одредени локации под водство на посветен ментор и група на дополнителни експерти од различни области (архитектура и просторен и пејсажен дизајн, градежништво, иновации, занаетчиство итн.) кои ќе им помагаат во процесот.

Како резултат од работилницата ќе се изработат неколку концепт дизајн проекти за овие простори, кои ќе бидат водилка за нивно идно уредување од страна на градот Скопје и општините.

За учество на работилницата, може да се пријавите тука.

Од Скопје Лаб – Центар за иновации на Град Скопје, велат дека учесниците може да се студенти од областа на архитектура, просторен или пејсажен дизајн, млади архитекти, уметници, пејсажни дизајнери, градежници, инженери и сите останати заинтересирани граѓани од било која професија кои сакаат и сметаат дека можат да придонесат во процесот.

Работилницата е бесплатна.