Скопје Креатива – Стрипот го гледам како забава, но не и како бизнис

Младите се заинтересирани за креирање на стрипови, но потребен е поголем ангажман околу нивната презентација. Вака Давор Драмиќанин,  стрип-сценарист и пишувач на стрипови, ја оценува состојбата на ова поле во Македонија.

Скопје Креатива - Стрипот го гледам како забава, но не и како бизнис

За време на фестивалот „Скопје Креатива“  функционираше отворена стрип работилница пред Универзалната сала. Учествуваа околу десетина млади креативци, кои добиваа помош од нивниот предавач.

„Овој настан е организиран пред се за дружење и изразување на кретивноста кај младите. Повеќето од нив се средношколци, но има и студенти кои се заинтересирани за креирање на стрипови“, забележува Драмиќанин кој беше предавач на работилницата.

Вели дека е изненаден од тоа колку младите читаат стрипови и дека се заинтересирани за овој вид на хоби, но и дека стрипот го гледа како забава и рекреација, а не како бизнис. Самиот призна дека неговата цел е да ги задржи оние кое веќе почнале да се занимаваат со тоа, но и да ги врати постарите љубители на стрип-сцената.

Скопје Креатива - Стрипот го гледам како забава, но не и како бизнис„Има напредок на македонската стрип-сцена, младите сакаат да ја изразат својата креативност, но не се доволно информирани каде би можеле да го направат тоа. Стрипот е само еден вид забава, од него не може да се заработи. Се случувало татко и син да дојдат заедно на некоја работилница и да работат тимски“ додава Драмиќанин.

Марко Тасевски кој беше еден од учесниците на стрип-работлиницата ни кажа дека за работилницата дознал преку фејсбук и дошол на овој настан бидејки неговата пасија за цртање херои е голема. Накратко ни го опиша неговата стрип приказна.

„Денеска нацртав 4 херои, а во приказната ќе има борба помеѓу господарите на водата, воздухот, огнот и земјата. Ќе победи тој што ќе биде најдобар и најсилен. Задоволен сум од соработката со Давор Д. Тој постојано е околу нас и ни помога доколу имаме потреба од него, битна е и дружбата помеѓу нас“, изјави Марко кој е е втора година во средното еконмоско училиште,а инспирација ја добива од цртаните или другите стрипови.

Скопје Креатива - Стрипот го гледам како забава, но не и како бизнис

Цртеж: Марко

Во рамките на Скопје Креатива голем број креативци по втор пат се собраа пред Универзалната сала слободно да ги изразат своите вештини и кретивни идеи. Работилницата за стрип беше доста посетена.

Бисера Ловачева