Скопје домаќин на Меѓународниот ден на укажувачите

Со оглед на потребата за зачувување на слободата на говорот и правата на медиумите во Македонија, првиот годишен Меѓународен ден на укажувачите ќе се одржи во Скопје на 24 март 2017 година. Настанот е во партнерство со Денот на слободен говор на Македонија.

На програмата на овој целодневен настан во клубот МКЦ е средба со укажувачи, говори на активисти, прес-конференција, учество на граѓани и жива музика со Crossroad Blues Band.

Учесници се Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, укажувачот Симо Груевски, Меѓународниот тим лидер Петрус Тоинес и истражувачкиот новинар Зоран Иванов, претседателката на ТИ Македонија Слаѓана Тасева, како долгогодишниот активист Џабир Дерала од Цивил. Активистката за човекови права и новинарката Арзу Гејбула ќе има воведно излагање за растечките предизвици и опасностите на истражувачкото новинарство и активизам во Европа и ширум светот.

„24 Март 2017 е пресвртница за нашите напори против рестриктивната слободата на говорот и законите за медиуми”, изјави Александар Божиновски, директор и коосновач на Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија.

„Сите граѓани во Македонија и ширум светот треба да се разбудат и да ги бранат своите основни човекови и граѓански права”.

Меѓународниот ден на укажувачите е ден кога светот им оддава признание на граѓаните кои имаат интегритет и храброст да пријават злоупотреба додека други молчат. Денот на слободен говор ќе го препознае вредниот придонес на укажувачите, активисти и истражувачки новинари во Македонија. Тоа е исто така платформа за граѓаните да ја изразат својата поддршка за своите права за слобода на говорот и граѓанско учество.

Укажувачите играат важна улога во откривањето и борбата против заканите за јавниот интерес – од политичка пристрасност и корпоративна корупција до банкарска измама и перење пари, загадена вода и небезбедна храна. Преку своите активности, укажувачите ширум светот спасуваат многу животи, десетици милијарди евра и огромни јавни и природни ресурси.

Меѓународниот ден на укажувачите и Денот на слободен говор на Македонија се во организација на Коалицијата за заштита на укажувачите во Југоисточна Европа (SECWP) и Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија. SECWP е единствена регионална организација во светот посветена на подобрување на правата на укажувачите, поддржувајќи ги истите и истражувајќи ги нивните обелоденувања. СКУП е водечки независен извор на детални вести од јавен интерес во Македонија.

Целата агенда на настанот е достапна на следниот линк.