Skopje Dance Festival на стадион на 6 септември

SKOPJE DANCE FESTIVAL е мултимедијален електронски музички настан со главна цел промовирање на најдобрите светски музички артисти пред македонската јавност, како и обединување на сите реномирани македонски електронски музички изведувачи на едно место, во нашиот главен град“, велат организаторите на големиот денс-настан што ќе се случува на стадионот на АРМ во Скопје на 6 септември. 

Skopje Dance Festival на стадион на 6 септември

„Скопје отсекогаш важел за град каде што електронската сцена, едуцираноста и културата на младите, како и ноќниот живот биле на високо респектирано ниво. Како пример би го навеле познатото списание DJ Magazine во кое електронската сцена во нашата држава беше поставена на исто рамниште со сцените од сите познати европски држави, додека градот Скопје важеше за центар на електронските музички случувања во регионот и пошироко. Сведоци на ова се големиот број на светски познати артисти кои во неколку наврати гостувале во нашиот град, а feedback-от кој го добиле од македонската публика во свои лични интервјуа го имаат претставено како едно од нивните најдобри доживувања.

Од нашиот град потекнуваат многу познати музички артисти кои бележат успеси како на домашната така и на светската музичка сцена и кои се редовни учесници на најголемите музички светски настани“, велат организаторите.

Идејата на SKOPJE DANCE FESTIVAL 2014 е продолжување и развој на електронската музичка сцена, едуцирање на младите, издигнување на градот Скопје и негово повторно поставување на мапата на светската електронска сцена.

Оваа година на фестивалот  ќе настапат следниве артисти:

Специјален гостин:

TRISTAN (Live) NANO RECORDS London, UK
https://www.facebook.com/djtristanfanpage
http://www.nanomusic.net/

Домашна поддршка:

DJ CHVARE
EMI & ANA MALO
ROBOTEK
MIRKO POPOV
GORAN KAN
KOX
NINO FLOODER
DJANTRIX

Се најавува: RCF Line Array Sound System • Професионално осветлување • Промоција на најнова ласер технологија • LCD Screen Бина • Видео бимови и проекции • Art Bazaar • Аудио/Видео работилници • Изложба