Скопјани пробаа да го срушат рекордот за најголема елка во светот направена од луѓе

Скопје и скопјани денеска, на плоштад „Македонија“, се обидоа да го урнат Гинисовиот рекорд за најголема елка во светот направена од луѓе.

Пресметките дали е срушен Гинис ќе се прават деновиве. Целиот настан беше сниман со дрон.

Според скопскиот градоначалник Петре Шилефов, најверојатно обидот е успешен.

Во моментов, најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, 2015 година со 4030 учесници.