Столб за улично осветлување на улицата Цветан Димов во скопски Чаир вчера бил пресечен и украден, а сторителите биле фатени на дело, откако биле пријавени од граѓани, објави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на неговата Фејсбук страница.
„Сторителите беа фатени на дело, заработија казни од градската инспекција и полицијата, а до крајот на денот столбот беше повторно подигнат на истото место“, стои во објавата на Шилегов.
Вчера на ул. Цветан Димов во Чаир беше пресечен и однесен еден од столбовите за улично осветлување. Благодарение на…
Posted by Петре Шилегов on Sunday, 16 August 2020
Во меѓувреме, на објавата, граѓаните реагираа со потсмев и неверување за ваквиот чин.