Скопјани ги здрма уште еден земјотрес

По вчерашната серија на земјотреси кои го зафатија Скопје, пред малку во 11:50 часот повторно е почувствуван, уште еден, нов земјотрес.

Според Life earthquakes map, земјотресот бил со магнитуда од 2,3 според Рихтер, а на длабочина од еден километар.

Вчерашниот најсилен земјотес во 15:10 часот, пак, беше со интензитет од 5.3 според Рихтер. Тој вознемири илјадници скопјани, па во паника при бегањето педесетина граѓани беа повредени, а над 30 пациенти пријавиле скршеници на рацете и нозете и расекотини.

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 11 часот утрово имало 300 јавувања за штети од земјотресот. Стручни лица на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) заедно со претставници од општините денеска треба да направат увид.