Склучено првото геј животно партнерство во Хрватска

Вчера во Загреб е склучено првото законско „животно партнерство“ меѓу луѓе од ист пол, објави здружението Загреб прајд на својата Фејсбук-страница. Според здружението, двајцата мажи, чиј партнерски лист ќе го носи редниот број 00001, учествувале во историски чин.

Склучено првото геј животно партнерство во Хрватска

Во јуни годинава, Хрватскоиот Сабор го изгласа законот со кој им се дозволува на хомосексуалните партнери да ја официјализираат врската пред државата, дефинирана како „животно партнерство меѓу личности од ист пол“. Законот стапи на сила на 1 септември. Голем дел од одредбите кои тој ги содржи се однесуваат на социјалните права: семејна пензија, здравствено осигурување, издржување на партнерот, но и прашања како недискриминацијата и еднаквост на пазарот на трудот и во даночните обврски.

Во следните денови, церемонии на склучување животни партнерства се закажани и во други хрватски градови.