Скејт парк во Лондон ќе биде заштитен како објект од национален интерес

Скејт паркот Ром (The Rom) во источен Лондон стана првиот ваков парк во Европа кој се најде на листата на културно наследство. Таква одлука донесе британската влада, сметајќи дека неговите бетонски рампи и другите елементи се од национален интерес и заслужуваат да бидат заштитени.

Овој скејт парк е отворен 1978 годна со цел популаризацијата на скејтерството во Велика Британија. Осмислен е по примерот на ваквите паркови во Калифорнија, а се простира на површина од 8.000 квадратни метри долж реката Ром, во квартот Хорнчрч.

Скејт парк во Лондон прогласен за културно наследство

Ром и денес го посетуваат не само љубителите на скејтбордот, туку и возачите на BMX велосипедите и скутерите. Тоа е втор скејт парк во светот, покрај „Bro Bowl“ во Тампа, Флорида, кој се најде на листа на културно наследство.

„Скејтерството е повеќе од спорт: тоа е култ ширум светот“, изјави Роџер Баудлер, претставник на Комисијата за историски градби и споменици на Англија, кој додаде дека тоа што паркот се најде на листата на заштитени објекти му дава посебен карактер на културното наследство во Велика Британија.

Скејт парк во Лондон прогласен за културно наследство

„Паркот Ром е најдобар пример на овој аспект од културата на младите и исклучително ни е драго што ќе биде заштитен на овој начин за идните генерации“, истакна тој.

Извор: Окно/ББС