„Скала магазин“ – нова студентска платформа за дизајн и современа уметност

Од денес, во дигиталниот етер, како глас на новата сцена започна да функционира студентската платформа за дизајн и современа уметност – „Скала Магазин“.

Оваа платформа е резултат на студентите и менаџментот на Школата за дизајн и уметност Џолев и уметностите, со поддршка од Институтот за дизајн и технологија (ИДТ Скопје). Нивна цел ќе биде да ги промовираат домашните млади креативци, да ги поврзат студентите и независните артисти со организациите и компаниите и ќе ги следат културните настани и сцена.

Меѓу пријателите на „Скала Магазин“ е и Радио МОФ. Тие ќе споделуваат наши содржини поврзани од областа на уметностите, дизајнот и образованието.

Првите содржини се веќе достапниа на следниот ЛИНК, а достапни се и на нивните профили на Facebook и Instragram.