Новиот дизајн на Скајп можеби е изворот за поголема поделба, но тоа не го спречува Мајкрософт да додава нови опции. Од денес, корисниците може да испраќаат пари преку „Пејпал“ директно преку разговорите.
Слична опција досега имаше и Фејсбук преку апликацијата Месинџер. Изборот на Скајп да стане партнер со „Пејпал“ се оценува како паметен потег бидејќи голем број луѓе веќе се претплатиле.
Со оглед на тоа дека голем дел од бизнисите го користат Скајп во работата, како на пример при менторирање или одржување состаноци, сега ќе биде полесно да им се наплаќа на клиентите.
Засега, опцијата е достапна само на мобилните уреди во 22 држави. Може да се пристапи преку „лизгање надесно“ на прозорецот за разговор и се одбира копчето „прати пари“. Повеќе за новата опција на Скајп може да прочитате на следниот линк.