СЈО ќе поднесе две обвиненија до судот

Специјалното Јавно Обвинителство на денешната пресконференција најави дека ќе поднесе две обвиненија до Кривичниот Суд Скопје 1. Првото обвинение е за уништување документација поврзана со неовластеното прислушкување, при што се обвинети 7 лица за фалсификување службена исправи, додека второто обвинение е за нападот на Општина Центар во 2013 година, каде се обвинети 14 лица за потикнување и извршување насилство.

Од Обвинителството сметаат дека за двете обвиненија имаат доволно докази за осудителни пресуди. Обвиненијата ќе бидат поднесени во скратена постапка, бидејќи казните кои се пропишани за кривичните дела во обвинението се до 5 години затвор.

СЈО денеска го презентираше вториот шестмесечен извештај за нивната работа и изразија подготвеност во периодот кој следи да го презентираат во Собранието на Република Македонија и Советот на Јавни Обивинтели.